Матични доктори и Корона инфекција

Почитувани колеги,

Се почесто разни експерти гледаат да ја префрлат вината кон матичните доктори околу ситуацијата со Корона инфекцијата во нашата држава.

Ние, како матични доктори уште еднаш ќе повториме дека бевме цело време на прва борбена линија … без заштитни средства -оставени сами на себе…

1.Матичните доктори во целост ја покрија грижата за хроничните
пациенти, терапија, лекување – секундарното здравство до денес сеуште нема поставено термини за контроли-дури има институции што не пуштаат да се креираат ни итни, ни приоритетни упати.

Дали така треба да биде???

2.Матичните доктори од Дебар дури учествуваа во процес на масовно тестирање на граѓаните…

3.Сите матични доктори го водеа алгоритмот на Мој Термин за сите позитивни пациенти кои беа дома во самоизолација-кои немаа потреба од хоспитализација.

4.Матичните доктори им препорачуваа на сите пациенти да се почитуваат мерките на Владата, но ниеден матичен доктор не може да му забрани на ниту еден пациент да не оди во црква и џамија или на литии.

5.Матичните доктори и медицинските сестри не земаа ни еден ден одмор за цело време додека е борбата со Корона вирусот, додека целокупното здравство и институциите се ротираа и се трошеа одмори. Цела држава се сведе на мали шалтерчиња и недостапност на институции и специјалистички прегледи. Пациентите кои примааа антикоагулантна терапија не беа проверени со месеци.

6.Целокупната работа за продолжени боледувања, ортопедски помагала се спроведе електронски кон ФЗОМ, со помош на матичните доктори.

Еднострани напади кон примарното зравство, кон матичните доктори кои го одржуваат целокупното здравство во изминатиов период е крајно непрофесионално.

Ги покануваме сите експерти да дојдат и од прва борбена линија поблиску да се запознаат со нашата работа, да ја видат и почувствуваат нашата достапност и услужливост. За бројот на услуги можат слободно да се јават во Мој Термин и да видат колкав број на прегледи и услуги се направени на примарно ниво а колкав обем на работа е во другите нивоа од здравството. Само со целокупна анализа на целиот период можеме да дојдеме до вистината.

Но, реакциите не стивнуваат заради тоа што никој не се сети да ги награди матичните доктори и медицинските сестри од првата борбена линија. Платежни наградни картички имаше за сите само за примарно здравство нема. Се работи за принцип на еднаквост и почитување.

Во Берово сега им бараат матичните доктори да работат од понеделник до петок и во брза помош затоа што неколку кои дежурале таму си извадиле потврди за хронични болни.

Дали некој размислува дека овие доктори треба и да
одморат и да земат годишен одмор, боледување или ќе ги трошиме до смрт?

Бараме почит и хуман третман а не недостојни обвинувања кон столбот на здравствениот систем!

ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари