Измена во Алгоритамот за тестирање

Почитувани,


Комисијата за заразни болести имајќи ја во предвид моменталната епидемиолошка состојба и фазата на епидемијата во која се наоѓаме, на состанокот одржан на ден 19.05.2020 година донесе заклучок дека е потребно да се направи измена во Алгоритамот за тестирање, со проширување на индикациите за тестирање со промена во делот за низок ризик.


Имено, прашањето: Дали сте имале контакт со потврден случај на растојание поголемо од 2м или пократко од 15 минути?се заменува со: Немате информации или не сте сигурни, дека сте биле во контакт со потврден/сомнителен случај


Со ова прашање се опфаќаат сите пациенти кои немаат информација дека биле во контакт со сомнителен или потврден случај.Ве молиме за ова да ги информирате сите матични лекари.
Ви благодариме на соработката!

Со почит,
Мој Термин, Управа за електронско здравство -Министерство за здравствоwww.mojtermin.mk тел: (02) 15 444

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари