Дополнително известување од ФЗОМ

Почитувани,

Ви укажуваме дека одредени избрани лекари не ги почитуваат насоките за издавање на боледување на осигуреници, наведени во Соопштението. Имено увидовме дека некои од избраните лекари ПСР образецот го издаваат преку порталот на Фондот, наместо на е-мејл на одговорното лице во подрачната служба. Ваквиот начин на работа може да го оневозможи остварување на правото на осигуреникот, бидејќи од страната на Фондот не постои опција за прифаќање и проследување на ПСР образецот до Лекарските комисии.

Поради тоа уште еднаш Ве потсетуваме за начинот на издавање на боледување детално образложен во Соопштението:

“Продолжување на боледување  по сите основи,  избраниот лекар ќе може да врши врз основа на телефонско јавување на осигуреното лице. При тоа лекарот за да го издаде предлог за спреченост за работа (ПСР образецот), треба преку системот на “мој термин“ да го преземе последниот извештај, односно отпусно писмо, издадено од  специјалист од соодветна здравствена установа. Додека конзилијарното мислење  избраниот лекар треба да го скенира и  на е-маил да го достави до Фондот.

ПСР образецот и извештајот од специјалист/конзилијарно мислење/отпусно писмо, избраниот лекар ги доставува  електронски на  посебен е-маил кај одговорно лице во подрачната служба на Фондот. “

Со почит,

ФЗОРСМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари