Приватните лекари незадоволни од својот статус во системот Дневник 16.10.2010

За матичните лекари е неразбирливо што ним им се закануваат со казни за непочитување закон, кој се’ уште не е усвоен

Докторите од примарното здравство се носители на здравствениот систем во државата, но и покрај тоа не се соодветно вклучени и третирани во здравствениот систем во Македонија, посочуваат од Здружението на приватните лекари.

Тие бараат почести средби и почит од надлежните од Министерството за здравство заради решавање неколкуте крупни проблеми, како што се правото на пациентот да избира лекар, препишувањето лекарства и вредноста на бодот. За нив писмено реагирале, но досега не добиле одговор.

- Бараме да се промени режимот на лекови. Тој е нефункционален за територијата на Македонија, бидејќи освен во Скопје, во земјава не постојат толку супспецијалисти да препишат потребен лек. За ова се казнети многу доктори не по нивна вина. Новиот закон, кој се најавува, е многу добар како идеја, но во практика не може да се примени.

Во внатрешноста, повеќето здравствени институции се технички неопремени, им треба апаратура и кадар кој допрва ќе се едуцира. Правото на кое Министерството досега инсистираше, секој пациент да се лекува каде сака, никој не смее да му го одземе и сега тој се ограничува – вели д-р Лили Чолакова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Македонија.

За Здружението е неразбирливо што на матичните лекари, кои се столбот на системот, им се закануваат со казни за непочитување на закон кој се уште не е усвоен. Лекарите од примарното здравство реагираат на говорот на репресија и најавите за казни за упат на пациенти за лекување во одредена институција која не е пропишана, кога се уште ништо во тој дел не е договорено и дефинирано.

Другото барање за кое и по шест месеци не добиле одговор од Министерството за здравство е капитацијата, вредноста на бодот.

- Осумдесет отсто од приватните лекари во Македонија се на минималец од 15 илјади денари, за да можеме со останатите пари кои ги добиваме да ги платиме сите трошоци кон државата и кон вработените. Последната плата која завчера ја добивме изнесува 70 отсто за јули. Видете каква дискриминација има.

Колку е просечната плата во јавното здравство и за кој месец тие имаат земено плата, а каде се приватните лекари? Имаме задоволни пациенти, а несоодветно платени лекари. Десет години вредноста на бодот не е променета, а каде отидоа бензинот, струјата, цената на апаратурата, ампуларни лекови. Имаме 80-90 прегледи на ден, односно квантитет наспроти квалитет – вели д-р Чолакова.

Во Здружението членуваат 2.000 приватни лекари. Од нив се 1.300 матични лекари, а другите се специјалисти.

Петар Печков

Коментари (10)

 

  1. vera вели:

    Ponovo vo vrska so anexot na dogovorot.Vo tocka 8. clen 17 kade pisuva deka izbraniot lekar treba da ima edukativni predavanja na sekoj tri meseci za tri zaboluvanja.Zar nekoj koj go dal ovoj predlog smeta deka lugeto zaboluvaat samo od tie zaboluvanja.Sto ke postignime ako sekoj tri meseci se educirame samo so tri zdrasveni temi.Kolku i da odi naukata za tri meseci nema mnogu da se promeni, a treba seta druga nauka da ja zapostavime .Nie lekarite vo tekot na cela godina imame edukativni predavanja od razlicni oblasti od medicinata za toa dobivame sertfikati akrteditirani od L.K.so koi ja prodolzuvame licencata za rabota.Za nasata strucna podgotovka vodat smetka LK i MLD koi se kompetentni za toa.Mislam deka toj clen ne treba da stoi vo anexot.

    • Pocituvana koleske
      Da navistina odime na edukacii koi gi organiziraat farmaceutskite kuki i propagiraat odredeni lekovi.I trcame po bodovi koi normalno ni trebaat.No uvideno e da mnogu malku koristime medicina bazirana na dokazi i poveketo samo upati davaat .Vo cela Makedonija stolbot na zdravstvoto se maticnite doktori i mislam da mora da se povtoruvaat nekoi raboti i nie kako doktori ne mozeme i ne smeeme da recem da ne sakame edukacija.Normalno sekoj si ima pravo na mislenje.Odevme na predavanja za Aspirin eden bod.Neli e smesno.Site zdruzenija na ortopedi,kardiolozi,dijabet i dr si pravat KME,nekoi se so bodovi a sum bila na mnogu koi ine se bodirani samo za da cujam nesto dobro-ne gledam zosto da ne rabotime bas Medicina.Site da napravime kaj dijabet HbA1c,ili kaj reuma site da proverime CRP.RF,ASt-ne mora vednas upatot i na Klinika,-razmislete taka si go trosime nasiot denar.Prvo dokumentot e rabotna verzija i koga se ke bide dogovor definitiven ke stavime na sajtot.Pozdrav

  2. vera вели:

    Vo vrska so predlozite za anexot na dogovorot .Za stimulativnoto plakanje na zdrastveni uslugi.Ne mi e jasno kako moze da bide stimulativno plakanje na zdrastveni uslugi za 1.brojot na receptite,2.za brojot na uputite i 3.brojot na boleduvanje.Ako nie treba da pisuvame ogranicen broj na recepti, uputi toa znaci za da mozime da go zemime toj del od parite, deka nekomu treba da mu go skratime pravoto na recepti i upati ili pak nie da zememe pomalku pari.TUKA JAS NE GLEDAM NIKAKVA STIMULACIJA.,BAREM NE pozitivna stimulacija.Tie tri celi ne treba da stojat kako celi,tie nemaat nikakva vrska so podobruvanje na zdravjeto na lugeto.

  3. ANONIMUS вели:

    KAJ STE BRE DOKTORI RAZBUDETESE PARITE OD CELITE VI ODAT ZA SPOMENICI PO SKOPJE KOJ VO DOGLEDNO VREME KE SE RUSAT SRAMOTA OKTOMVRI A PARI USTE ZA JUNI NEMA PA KE KAZUVAAT PRAVILA ZA DA KRADAT A DOKTORITE STANAA SOCJALA KAJ STE VIE OD ZDRUZENIETO I LEKARSKA NEGO I VIE STE MAFIJA KRADITE OD NARODOT I SOPSTVENITE DOKTORI ALI POVRZANISTE SO FONDOT ALI IMA I ZAVAS LISICI

  4. аноним вели:

    јас бев казнет за прпиШуване на лек по препорака од специлаист,ние гп пратиме пациентите за преглед во спецоиалист а тие ние се вратат без пе4ат,без факсимил,тоа се слуцува 4есто кај специалистите , ание се казнуваме

  5. ANONIMUS вели:

    STVARNO MATICEN RABOTIME ZA BEZ PARI SEGDE PLAKAS SAMO KAJ DOKTOR NE SRAMOTA BAREM OVAJ MINISTER DA NI DADE PO EDEN LAPTOP BESPARI KO NA PROFESORITE ZA SE IMA PARI SAMO ZA MATICNITE SRAMOTA NEMA PARI ZA MAJ PA I NIE SAKAME NA ODMOR

  6. maticen вели:

    Некогаш и негде лекарот беше почитуван,сакан и со реноме.Денска тоа е пациентот.Пациентот одлучува каде ке се лекува а засигурно и како.Една несисполнета зелба и го нема отишол некаде.Дајте Ве молам.Каков капитационен бод.Тоа е се глупост.Лекувањето кошта.Кој сака здравје ке си плати.Само така а не оваа нашево.да чекаме од дрзавата ако има ке даде.Каде и на која врата ке тропнеш ти прузат услуга а плакаш 50/70 или 100 денари.Три месеци работевме за ништо а сега и каснат.ако не поделис плата казна ако не ги исполниш целите казна а каде е казната на на фондот кој не ги исполнува обврските

  7. ANONIMUS вели:

    BOREJTESE DOKTORITE DA BIDAT PRIBLIZNO ISTO A NE NEKOI DA KUPUVAAT STANOV I DA SETAAT A DRUGI DA SOSTAVUVAAT KRAJ SO KRAJ I GI NASTAVAA PO SELATA PARTISKI I SEGA KE ZEMAAT PACIENTI KE S BOGATAT NEKOI POVEDJTE RED ZATOA A NE DA SOLITE PAMET

  8. Dr. Vaska вели:

    Ona sto ministerstvoto go nalaga za finansiskoto rabotenje na ekipite vo Itnata medicinska pomos ne e vo red. Nie kako maticni lekari ke bideme zasegnati poradi koristenjeto na uslugi na pacientite nokno vreme.pacientite mora da plakaat odredena nadoknada za izvrseniot pregled i terapija.Odenjeto na pregled noke mora da se plati, bidejki toa e vonredna poseta na lekar,i sekoj drug predlog od fondot za zdravstvo sto ke ne zasega nas maticnite lekari finasiski ke bide so ogromna steta za nas . So toa sto kapitacioniot bod ni go namalija odvaj prezivuvame, nemame dovolno pari osnovnite raboti da gi pokrieme, a sekojdnevno se soocuvame so kontroli. Baram prvite luge na naseto Zdruzenie da se bori za pokacuvanje na bodot, i da dade soodveten predlog za novonastanatata situacija vo itnata medicinska pomos.
    Ako e potrebno da se organizira sostanok so maticnite lekari.
    So pocit,

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари

Видео

Тагови