Новиот предлог договор од ФЗОМ неприфатлив за матичните доктори

На ден 01.12.2019 год Управниот одбор на ЗПЛРМ донесе одлука дека новиот прелог договор од ФЗОМ е неприфатлив.

Матичните доктори имаат суштински барања за нивниот опстанок,кои ги кажуваат јавно и преку преговарачкиот тим но нивно имплементирање нема во дадениот предлог договор.

1.Пациенти на ПЗУ

2.Вработување на администратор ако нема медицинска сестра

3.Право на нормално боледување без да се намалува капитацијата или примањата на ПЗУ-то.

Договор во кој нема конкретно наведено колку е 50%, каков е варијабилниот дел, какви цели и како ќе се плаќаат- едноставно е неприфатлив.

Ако ФЗОМ не ни ја покаже финансовата пресметка за новиот модел на плаќање, во тој случај бараме само договор на шест месеци  или Анекс договор.

Ние само бараме сигурност за нашиот опстанок и ист третман како јавното здравство, бидејќи сме еднакви пред Уставот.

Со почит

Управен одбор на ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари