Нема ниту термини, ниту бесплатни вакцини – нови ќе се набават преку американска донација

Голем број на пензионери и хронично болни за кои беа наменети бесплатните вакцини останаа без заштита против грип. Нема веќе слободни термини за закажување и до 20 декември зафатени се сите датуми за 28 те илјади дози  што ги набавија здравствените власти. Боцкањата ги прават тимови за имунизација во центрите за јавно здравје а во Скопје и во поликлиниките Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров.

-Има голем интерес за бесплатните вакцини и колку и ние што знаеме веќе нема термини. Морам да кажам дека граѓаните закажале термин да знаат дека имаат вакцина и нема потреба пред време да доаѓаат во просториите за вакцинирање, вели др. Билјана Даниловска, шеф на епидемилогија во ЦЈЗ Скопје.

Пред еден месец од Министерството за здравство велеа дека набавените количини ќе бидат доволни и нив ги правеле согласно интересот од лани, сега поради големиот интерес министерот Филипче најавува американска донација од околу 28.000 дози кои наскоро треба да стигнат во земјата. И додека надлежните се задоволни што поголем број граѓани ќе бидат вакцинирани, револтирани се матичните лекари кои велат дека овие денови работат под стрес поради големите гужви и нервози за закажување на термини.

-Лошо изменаџирале, не може ние да бидеме секретарки и затоа од договдина бараме тоа да си го прават центрите за јавно здравје. Не може пациенти да чекаат во ординација а ние постојано да вртиме на телефони и да закажуваме термини, вели др. Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПРЛМ.

Бесплатните вакцини се потрошија а во центрите за јавно здравје се уште имаат од комерцијалните за кои граѓаните треба да платат по 650 денари. Епидемиолозите ја препорачуваат вакцинацијата не само за ризичните групи туку и за здравствени работници, наставници, негователки, полицајци.

https://sitel.com.mk/nema-nitu-termini-nitu-besplatni-vakcini-novi-kje-se-nabavat-preku-amerikanska-donacija

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари