Известување за вакциниција против сезонски грип 2019-2020 година

Почитувани,

Ве  информираме дека процесот за  електронско закажување на лица за бесплатната вакцина  против сезонски грип започнува на 22 ноември 2019 година одстрана на Матичните лекари до соодветните Центри за јавно здравје, односно нивните Подрачни единици кои се вклучени во процесот на бесплатна вакцинација против сезонски грип. За претстојната сезона 2019-2020 година опфатот на бесплатните вакцини ќе биде поделен во пет категории : 

-за лица над 65 години,

-лица со хронични заболувања,

-деца на возраст од 6 месеци до 5 години,

-бремени жени, како и

-здравствени работници.

За првпат, од оваа година се подобрува достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип, покрај 10-те Центрите за јавно здравје, во вакцинацијата ќе бидат вклучени и три поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствен Дом Скопје. 

 Од 18.11.2018 година овие лица треба да бидат закажани исклучиво во термин со избор на соодветното одделение:

тип на упат: Специјалистичко-супспецијалистички упат

здравствена установа: „Центар за јавно здравје – град“

специјалност: „Епидемиологија“

упатна дијагноза: „Z25.1 – Потреба за имунизација против инфлуенца“

ресурс: Служба за имунизација за сезонски грип – ЦЈЗ град, односно Служба за имунизација за сезонски грип – ЦЈЗ град, ПЕ град

Напомена: Издавањето на упат за бесплатна вакцинација против сезонски грип исклучиво се однесува на лицата кои спаѓаат во петте категории наведени погоре, при што пациентите треба да бидат соодветно упатени во најблискиот Центар за јавно здравје.

Закажувањето преку матичен лекар е со цел утврдување на општата здравствена состојба на лицата заинтересирани за бесплатна вакцинација против сезонски грип.

Со почит,

Мој Термин,

Управа за електронско здравство –

Министерство за здравство

www.mojtermin.mk 

тел: (02) 15 444

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари