Матичните лекари бараат или надградување на системот „Мој термин“ или негово укинување

Или да се укине или да се унапреди “Мој термин”, бараат матичните лекари. Револтот кулминирал деновиве бидејќи системот многу бавно функционирал и за издавање упати и за рецепти. И докторите и пациентите без потреба чекале долго време.

-Последните денови беше навистина неиздржливо, зошто времето е најскапо и на пациентите и на докторите. Долго време се чекаше да се добие број за рецепти, за упат. Паѓа системот, едноставно се губи ефикасноста. Затоа сите лекари од примарното здравство бараме или да се унапреди или да се укине “Мој термин”, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.

Лекарите од примарното здравство реагираат дека многу често се случувало да не можат да закажат термини на интерно или нервно зошто биле блокирани, а требало да пратат итни пациенти. Проблеми со системот Мој термин деновиве имаше и на Клинички, а на болните рачно на хартија им биле закажувани интервенции.

Од министерството за здравство велат дека изминатите неколку недели  биле пријавени проблеми од различни извори за функционирањето на системот и многу тешко било да се детектираат зошто се случуваат.

-Не беше проблем кој се појавува кај сите туку само кај одредени корисници.

Направивме неколку активности во меѓувреме, Денес во 10ч. е пуштена нова конфигурација, очекуваме тоа да ги реши проблемите, тврдат од министерството за здравство и додаваат дека се  се работи за систем кој го користат над 20 000 корисници и кој е 24/7 активен.

https://sitel.com.mk/matichnite-lekari-baraat-ili-nadgraduvanje-na-sistemot-moj-termin-ili-negovo-ukinuvanje

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари