Лекарите и аптекарите збунети, а пациентите уште повеќе. Како ќе се оди на преглед кај матичен?

Откако стасал дописот, сите се збунети. Пациенти што на лекар оделе со лична карта, зашто во системот има евиденција за нив по матичниот број, сега ги бараат здравствените книшки. Некои аптекари не даваат терапија без осигуреникот да донесе книшка и таа да е запишана во неа

Допис од Фондот за здравствено осигурување, кој го добиле голема група матични лекари, направи забуна околу тоа како треба да изгледа прегледот кај овие доктори и колку ќе се чека за него. Од Здружението на приватни лекари (ЗПЛРМ) велат дека Фондот бара повторно запишување на терапијата во здравствените книшки на пациентите и враќање на хартиениот амбулантски дневник (досега печателе електронски), па двојно се зголемуваат административните работи во здравствените ординации. Така, според нив, ќе се зголеми и времето за чекање, а со тоа и ризикот за здравјето на одредени болни.

Книшка или не?

Откако стасал дописот, сите се збунети. Пациенти што на лекар оделе со лична карта, зашто во системот има евиденција за нив по матичниот број, сега ги бараат здравствените книшки. Некои аптекари не даваат терапија без осигуреникот да донесе книшка и таа да е запишана во неа. Некои што ја изгубиле вадат нова книшка.

– Ние ги знаеме пациентите, но и да не ги познаваме, со лична карта го издвојувавме нивниот здравствен картон и по прегледот си добиваа сè што треба: упати, рецепти… Работиме во систем со кој тие автоматски се печатеа и со рецептите пациентот си земаше терапија. Јас одлучив сега и книшка да барам зашто неколку пациенти ми се вратија од аптека. Некои се со изгубени книшки, па одат на работа по документи, купуваат нови, па одат во Фондот да ги заверат… Сето тоа е и време и пари, ама тоа е – вели матичен лекар. Друг, пак, вели дека може да се нафати терапијата да ја евидентира во легитимацијата на пациентот.
– Да пополнуваме амбулантски дневник, а можеме да го испечатиме, едноставно велам дека нема шанси – додава.

Прашавме во неколку аптеки дали бараат здравствени легитимации заедно со рецептите. Додека во некои не треба да се носат, во други бараат.
– Немаме ништо официјално добиено. Бараме за да не ни дојдат контроли и да нè казнат – вели фармацевт во скопската населба Аеродром.

Чолакова-Дервишова: Ќе штрајкуваме ако има казни

Д-р Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на ЗПЛРМ, која на крајот од минатата недела алармираше за дописот од Фондот, вели дека сега двојно ќе се зголеми времето за чекање. Кога пациентот ќе дојде во ординација, медицинската сестра го бара неговиот картон и потоа, кога ќе стаса на ред, го упатува кај лекарот. По прегледот ги добива печатените рецепти за лекови на државен трошок и упатите, доколку ги определил лекарот.

– Тоа се внесува во системот во кој работиме, а во картонот на пациентот се пишуваат сите детали за прегледот. Сега со новите барања терапијата треба да ја запишуваме во книшка и да водиме хартиен дневник. Ние досега дневникот го печатевме од системот во кој работиме. Практично тој се исфрли од употреба со востановувањето на системот за здравствена евиденција „Мој термин“ – објаснува Чолакова-Дервишова.

Таа вели дека има осигуреници, обично повозрасни лица, кои во текот на месецот земаат одеднаш и по 16 рецепти зашто се хронично болни.
– Замислете кога ќе почне евиденцијата за секој. Па и ако зема терапија за три месеци, што не е невообичаено. Прегледите и администрацијата не се единствената задача на вработените во ординација. Одговараме и на телефонски повици, закажуваме, бараме термини за кај специјалисти, па се аплицира терапија… Во книшка запишуваме зашто ни вратија некои пациенти од аптека, и таму се збунети. Но пациенти не враќаме. А, за амбулантски дневник, зарем воопшто треба да се разговара? Нели се стремиме кон електронско здравство – вели нашата соговорничка.

Инаку, кога се воведуваа електронските здравствени картички, кои им беа поделени на осигурениците (т.е. тие плаќаа за нив) замислата беше сите здравствени податоци за пациентот да се најдат на таа картичка. Но, иако поминаа години, овој проект не се реализира.

– Години наназад слушаме низа најави што не се остварија. Доколку некој од лекарите добие санкција поради непочитување на овие мерки, ќе повикаме на генерален штрајк. Ние нема да враќаме пациенти без книшка. Системот си функционираше, со сето ова се направи хаос – додава Чолакова-Дервишова.

Инаку, според најавите од Министерството за здравство, од 1 октомври се укинуваат квотите за лекови на државна сметка во аптеките. Тоа значи дека пациентот ќе треба да го добие лекот што му го препишал матичниот без разлика кој ден во месецот е. Досега аптеките издаваа лекови додека да им се потрошат квотите што ги определил Фондот. Со најавата на оваа новина, министерот за здравство Венко Филипче најави и зголемени контроли околу препишувањето на лековите.

Очекуваме одговор од Фондот за тоа како ќе изгледа лекувањето кај матичен.

https://www.fakulteti.mk/news/10092019/lekarite-i-aptekarite-zbuneti-a-pacientite-ushte-povekje-kako-kje-se-odi-na-pregled-kaj-matichen

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари