Матичните доктори не се криминалци

Обвинителството нема отворено истрага за случајот што синоќа во Собрание го обелодени премиерот Заев – дека лекари во координација со аптеки издаваат фиктивни рецепти а терапијата потоа е препродавана во земјата и во странство. Но од обвинителството ниту потврдуваат ниту демантираат дали има некои предистражни активности.

-Истрага за предметот за кој прашувате не е отворена. Дејствија кои се преземаат од јавното обвинителство во предистражна постапка, согласно Законот за кривична постапка се тајна, поради што не сме во можност да ви обезбедиме било каква информација, велат од ЈО.

До злоупотребите и криминалот со лековите премиерот откри дека дошле по едногодишна анализа што ја правеле со здравствените власти, зошто граѓаните доаѓаат до лекови на рецепт само на почетокот на месецот.

-Еден дел на проблемот се јавува кога се издаваат фиктивни рецепти од страна на лекари и истовремено, со добро организирана форма, аптеки, фиктивните рецепти ги примаат и лековите доаѓаат кај луѓе без пари, потоа се тргува со нив во државава и во земји надвор од државава. Тие се незаконски криминални активности, правиме сериозни истраги, ги засиливме мерките на контрола, изјави Заев.

Кои лекари правеле криминал со фиктивни рецепти, какви лекови биле препродавани во земјата и странство и колку е оштетен здравствениот буџет не добивме одговор од Фондот за здравствено осигурување. Директорот Ден Дончев вели дека не сакал да ги коментира изјавите на премиерот.

И додека здравствените власти молчат, приватните лекари реагираат – Велат дека не може со паушални изјави да се генерализираат сите матични.

-Ова е крајно понижувачки и не смее да се генерализира така. Не држи ова бидејќи како прво сите матични имаат договори со Фондот кој изрекува казни ако има злоупотрееби. Второ, го имаат мој термин каде можат да проверат кој лекар што препишал, колку и зошто и на крај, Фондот има контроли кои треба да го спречат, вели др. Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПРЛМ.

Деревишова вели дека уште лани на среби во Фондот се зборувало за злоупотреби на матични во западниот регион, но прашува зошто сега ова се објавува кога можеле да ги санкционираат.

Засега нема ниту имиња ниту каде се правени злоупотребите, а Заев најави решавање на проблемот со нови мерки кои требало да бидат готови во периодот од 1 семптември до 1 октомври.

https://sitel.com.mk/se-istrazhuva-kriminal-so-izdavanjeto-lekovi-na-recept-vmrezheni-lekari-i-apteki

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари