Известување од ЛКМ – Важно!

Почитувани,

Постапката за изготвување на анекс  за продолжување на договорите за дејноста општа медицина, гинекологија, општа стоматологија, лаборатории, специјалистичко консултативна здравствена заштита и специјалистичко консултативна стоматолошка  здравствена заштита, треба да заврши со 28.06.2019 година (петок). Од 01.07.2019 година со Фондот ќе можат да работата само ЗУ кои имаат потпишано Анкс за продолжување на договорот, бидејќи само тие лекарите  ќе имаат активен факсимил.

Од електронската евиденција на Фондот се констатира дека :

  –    287  здравствени установи се уште  немаат поднесено барање за продолжување на договорот и

  –    273 – здравствен установи  ја започнале постапката на поднесување на барање, но истите не ги презеле сите  потребни чекори за доставување на барањето преку порталот на Фондот, поради што барањето не е пристигнато во Фондот.

Со цел на 01.07.2019 година здравствените установи да имаат активен договор со Фондот, потребно е на Вашата веб страна да ги известите истите навремено да ги преземат сите потребни  активности и преку порталот на Фондот да поднесат барање за продолжување на договорот.

Воедно напоменуваме дека здравствените установи кои започнатата постапка за поднесување на барање преку порталот  не ја завршиле до крај,  можете да ги упатите да се јават во Фондот за да им помогнеме  правилно да ги изодат сите  чекори на порталот за  успешно поднесување на барање за продолжување на договорот.   Контакт лица од Сектор Информатика се :  Нури Османи- 02 3289066  со е-маил  nurio@fzo.org.mk и  Бедри Зекири 02 3289080 со е маил bedriz@fzo.org.mk.

Во прилог Ви доставуваме насоки за доставување на барање продолжување на договорот преку порталот на Фондот.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари