Преговори со ФЗОМ

Почитувани колеги,

Преговарачкиот тим за примарно здравство  имаше разговори со ФЗОМ и ги пренесоа барањата на докторите – казни да има на просечна плата и некој процент од тоа, за да може да функционира ПЗУ-то, да не бидат на капитација, но ФЗОМ единствено што прифати е намалување на казнена политика и тоа казните да бидат петина и третина од капитација и за нешто опомена.

ФЗОМ најави зголемување на капитационен бод дури од октомври а тоа значи дека ќе добиеме зголемена капитација дури во јануари. Други барања за кои се дискутираше на сите претходни средби исто така беше и порамнувањето со исплатата, исто како во јавно здравство, да земаме исплата за истиот месец, а не со каснење од 60 дена веќе 27 години.

На државата итно и е потребно менување на системот за плаќање во примарното здравство, каде матичниот доктор ќе добива средства од фиксен дел за плата кој би бил 2,5 просечни плати, партиципација, превентивни прегледи и кој за што знае и е стручен, дополнително да работи на пример: ехо дијагностика, сутури, местење катетри и др.

Само така ќе ги задржиме докторите. А нашите видувања, нашите визии се совпаѓаат со визиите на СЗО и Светска Банка.

Со почит,

Др Лилија Чолакова Дервишова

Претседател на ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари